
Лацио измамен од хакери за два милиони евра
Италијанскиот клуб Лацио беше цел на измама на хакери и останаа без два милиони евра.
Калчолигашот преку електронска пошта добил порака од холандскиот клуб Феенорд за уплата на последната рата од трансферот на фудбалерот Стефан де Фрај во висина од два милиони евра. Во мејлот имало банкарските сметки кои наводно биле на Феенорд, а хакерите се погрижиле тој да делува легитимно.
Од Лацио веднаш ја уплатиле сумата, но подоцна дознале дека Феенорд не добил ниту евро и дека всушност биле измамени. Според властите во Холандија, постајат индиции дека парите се наоѓаат во холандска банка и дека и натаму се трага по хакерите кои ја смислиле оваа измама.
Стефан де Фрај потпиша за Лацио од Феенрод во 2014 година, а веќе ова лето ќе си замине од тимот од Рим и најверојатно како слободен фудбалер ќе потпише за Интер.