КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП:РАКОМЕТАРКИТЕ ГИ ПРОКНИЖИЈА ПРВИТЕ БОДОВИ
Македонската женска ракометна селекција теоретски остана во игра за пласман на ЕП во 2018 година. Сениорките ги исполнија очекувањата во двомечот со Фарски Острови,дел од 3 и 4 коло на квалификациите во групата 3.Кон триумфот на гости во Торшавн од 22-15,ракометарките синоќа под Кале ги додадоа и скопските 28-24 за освојување на вкупно 4 бода,два помалку од фаворитите Србија и Шведска.Токму мечевите на 30 мај со Шведска и гостувањето во Србија на 3 јуни ќе ја одредат позиција на Македонија.Останува вербата да се направи изненадување,освои еден бод кој може да биде решевачки во рангирањето на најдобро пласираната трета селекција од квалифиаикциите која ќе се најде на шампионатот во Франција покрај најдобрите две репрезентации од секоја група.