РИСТОВСКИ И ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ПРИКЛУЧИЈА КОН РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Македонската машка  ракометна селекција се доближува до бројката од 21 играч  кои селекторот Раул Гонзалес ги повика во тимот за  подготовките  пред   ЕП во Хрватска.Гарсија Парондо,помошникот на Гонзалес веќе неколку дена работи со репрезентивците кои завршија со клупските обрски  и од почетната четворка Стоилов,Поповски,Олјески и Крстевски  екипата е побројна.Вчера се  приклучија  Велко Маркоски,Даскаловски,Митревски и Томовски а  денеска  Ристовски и Георгиевски како и  уште неколку  ракометари од  Металург. Првиот официјален собир на националниот тим е закажан за понеделник, а последни ќе пристигнат  Талески од РНЛ и   Миркуловски од Вецлар.Бековите на  26 декември  имаат натпревари   во Бундес-лигата.На ЕП во Хрватска,Македонија  во  петтото учество на континетналните ракометни собири ќе настапува во групата Ц во конкуренција на актуелниот европски шампион Германија,Словенија и на Црна Гора.Турнирот почнува на 12 јануари.Македонските ракометари првиот меч  ќе го имаат на 13-ти во Загреб  против селекцијата на Словенија.Пласман во главната фаза ќе изборат најдобрите три селекции од групите А,Б,Ц и Д.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ