
ФИФА обезбеди неверојатен награден фонд за СП во Русија 2018
Вкупниот паричен фонд за Светското фудбалско првенство 2018 во Русија ќе изнесува 791 милион долари, што е многу повеќе од претходниот Мундијал во Бразил 2014 година.
Од овој фонд 400 милиони се резервирани како награда за постигнати резултати на земјите учеснички, кои со самиот пласман на Мундијалот имаат загарантирани осум милиони долари.
Репрезентациите кои ќе се пласираат во шеснаестинафиналето ќе заработат 12 милиони долари, додека новиот светски шампион ќе заработи 38 милиони долари, а финалистот 28 милиони долари