Борозан повреден во сообраќајка – неизвесен за настап на ЕП во Хрватска

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, синоќа имал сообраќајна несреќа, но за среќа поминал без сериозни повреди, објавија црногорските медиуми.

Голема е веројатноста ракометарот да го пропушти претстојното Европско првенство во Хрватска, што би било огромен хендикеп за неговата репрезентација Црна Гора. Борозан се здобил со повреда на бутниот мускул и му претстои пауза.

Првичните информации се дека тој мора да мирува три недели, а дополнителните тестови ќе покажат дали ќе му биде потребна дополнителна рехабилитација и ќе се знае сериозноста на повредата.

Несреќата се случила во близина на родниот град Цетиње, каде ја загубил контролата на возилото поради замрзнатиот пат и излетал. Селекцијата на Црна Гора на Европското првенство во ракомет во Хрватска ќе игра во групата Ц заедно со Македонија, Словенија и Германија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ