
Од понеделник екипни тренинзи во Серија А
Италијанските фудбалски клубови од 18 мај ќе можат да одржуваат тимски тренинзи, објави Владата во оваа земја.
Тоа се одлични вести за сите љубители на фудбалот, бидејќи направен е крупен чекор напред кон рестарт на сезоната во Серија А.
Владата соопшти дека нејзиниот техничко-научен комитет детално го прегледал протоколот Италијанската фудбалска федерација планира да го имплементира за тренинзите да можат да се одржуваат безбедно.
Клубовите во Италија ги отворија своите тренинг-центри минатата недела за фудбалерите да можат да тренираат индивидуално. Од понеделник ќе може да се одржуваат и тренинзи во групи, но дополнително ќе бидат објавени деталите и на кој начин ќе се изведуваат истите.
Серија А е во прекин од 9 март откако беше прогласена пандемија поради коронавирусот. Владата на Италија и натаму нема објавено официјален план за рестарт на фудбалската сезона.