МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПАТА НА НОСИТЕЛИ
Европската ракометна федерација донесе одлука Македонија да биде во првиот по квалитет ранг за претстојната ждрепка од квалификациите за ЕП 2020 кое ќе се одржи во Шведска, Австрија и Норвешка.На ждрепката закажана за 12 април во Трондхајм, Македонија ќе биде во друштво на најдобрите селекции од Стариот континент што е признание од ЕХФ со зголемени шанси за место на турнирот во 2020 година.Ракометарите се во иста група со Франција, Германија, Хрватска, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија.Во втората по ранг група се,Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија.Во третата,Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција и во 4-тата се Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово и Фарски Острови.Најдобрите две репрезентации од секоја група, и четирите најдобро третопласирани селекции ќе изборат пласман на Европското првенство кое за прв пат ќе се игра со 24 репрезентации.Покрај организаорите Шведска, Австрија и Норвешка, директен пласман има изборено актуелниот европски првак Шпанија.