
МОТО ГП: Откажани три трки,сезоната може да продолжи во јули
Дорна соопшти дека официјално се откажи трките во Германија,Холандија и во Финска.Најавите се дека сезоната ќе може да се заврши со 10 до 12 Гран При викенди ,ако не се патува надвор од Европа.’
,,Ќе биде тешко без гледачи,но наша идеја е да почнеме со МОТО ГП класата и да продолжиме во Мото 2 и Мото 3 кон крајот на јули а да завршиме во ноември’’-изјави Кармело Еспелета,член на УО на Дорна ,организатор на СП во брзински мотоциклизам.
Во 2020 се одржа само трката во Катар и тоа во двете помали класи со триумф на Татсута Накашима во МОТО 2 и на Алберт Арењас во МОТО 3. Во меѓувреме, од тимот на Сузуки во ,,Кралската класа’’,објавија дека Жоан Мир и Алекс Ринс ќе бидат нивниот возачки тандем и за наредните две сезони.