Е.Пелистер го обезбеди Стјепановиќ и за 2021

Актуелниот македонски вицепрвак  објави дека ја  продолжи   соработката со интернационалецот од БиХ, Невен Стјепановиќ.199 сантиметри високиот десен бек,  потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер , со важност до јуни 2021 година. Искусниот ,27 годишен ракометар дојде  во Битола  од редовите на  Спортинг и минатата сезона беше важен дел од екипата се до повредата против Мешков Брест во меч од  СЕХА лигата. Пелистер  пред неколку дена се засили со Марио Танкоски.Младиот централен бек кој  дојде од  редовите на Металур, потпиша тригодишен договор  и ја зацврсти  бековската линија откако  Јотиќ и Остроушко најавија заминување од клубот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ