
КРАЈ НА БУНДЕСЛИГАТА,КИЛ Е ШАМПИОН
Бундес лига со мнозинство гласови на клубовите во 1-та и 2-та дивизија реши да ја прекине сезоната 2019/20. Продолжението би се покажало како непрактично под масовните ограничувања. Шампионот стана Кил, кој од почетокот на лигата беше на врвот на табелата и ќе игра директно во Лигата на шампионите. Вице првакот Фленсбург исто така добива шанса за елитната конкуренција, додека во новоформираната Лига на Европа ќе играат Магдебург, Хановер и Рајн Некар Левен. Нема испаѓање од Бундес лигата, па клубот на Мартин Томовски, Лудвигсхафен кој беше при дното на табелата и наредната сезона ќе биде дел од елитната дивизија.