
РФМ ДОНИРА 10 000 ЕВРА ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ
Раководството на РФМ одлучи да не ја користи финансиската поддршка за вработените во спортската администрација за месеците април и мај 2020 во износ од 14,500 денари по вработен понудена во Уредбата на Владата од 4 април 2020 година.
Федерацијата ќе ги задржи на своите работни места сите административци, а при тоа висината на нивниот личен доход, независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане иста како во месец февруари 2020 година.
Износот од 615.000 денари претходно резервиран за ракометните активости што се прекинати со здравствената криза , ќе биде уплатен на сметка на Министерството за здравство за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Covid-19,информираат од РФМ.