
Карате Премиер лига: Стефановска седма во Ротердам
Каратистката на Макпетрол, Моника Стефановска го го освои седмото место на петтиот турнир од светската 1 Премиер лига одржан изминатиот викенд во Ротердам, Холандија.
Со овој резултат таа ќе ја подобри својата позиција на светската ранг-листа, бидејќи 7 -мото место и бодовите за трите победи носат дополнително бодови за висок пласман.
Во моментов Моника Стефановска се наоѓа на 32 позиција во својата тежинска категорија -68 кг.
„Стефановска во континуитет покажува дека созрева во врвен спортист и се носи рамо до рамо со целата светска конкуренција во својата тежинска категорија. Ова е нејзин четврти обид да земе медал од лига-натпреварите, но беше неуспешна. Се надеваме дека наскоро Моника Стефановска ќе не израдува сите со освоен медал од овие највисоко рангирани карате натпревари кои ги организира Светската карате федерација (WKF)“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.