
Лажни пораки од МВР стигнуваат на електронска пошта
Ако добиете електронска порака од МВР, не ја отворајте, се работи за измама. Лажни електронски пораки се испраќаат на граѓани и правни лица во име на полициски функционер, известија од МВР. Во нив, граѓаните се повикуваат во министерството во врска со наводна истрага, а сторителот лажно се претставува во име на државниот секретар Магдалена Несторовска. Таа за поканите дознала од колеги, на кои им стигнале во официјалната електронска пошта.
Во меѓувреме, и од секторот за односи за јавност кај претседателот Пендаровски се пожалија дека добиле такви мејлови. Несторовска вели дека се работи за груб фалсифкат со цел да се предизвика вознемиреност кај граѓаните.
На Несторовска не и е првпат да биде цел на хакерски напад. Неодамна и` бил хакиран и мејлот. Најави дека, од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе преземаат соодветни мерки и активности за пронаоѓање и казнување на сторителот.
Далиборка Демјанска