
Фудбалерите од денеска комплетни во Анталија
Македонската фудбалска репрезентација се комплетира пред двата пријателски натпревари со Финска и Азербејџан, што ќе ги одигра во Анталија, Турција.
Официјално собирот започна вчера, а на нашиот национален тим денеска му се приклучуваат капитенот Горан Пандев, потоа Стефан Ристовски, Езџјан Алиоски и голманот Столе Димитриевски.
Селекторот Игор Ангеловски остана доследен на својата филозофија да не експериментира премногу со составот, туку да ја воигрува репрезентацијата за стартот на Лигата на нации на есен.
Македонија првиот натпревар со Финска ќе го одигра во петок на „Глорија Арена“ во 17 часот по македонско време, додека против Азербејџан играме следниот вторник на стадионот „Мардан“, исто така во 17 часот.