Димевски ја закупил салата „Кале“, која требаше да биде „Дом на кошарката“

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, кој воедно беше и советник за спорт на сега веќе екс-премиерот Зоран Заев е под истрага на Антикорупциската комисија поради закуп на салата „Кале“ во Скопје.

Минатата година на прес-конференција беше објавено дека oвој спортскиот центар и е доделен на користење на кошаркарската федерација, сега на чело со Перо Антиќ. Сепак, салата „Кале“ е под закуп на користење од 30 години на компанијата „Турдолимпик“, чиј управител е всушност Димевски.

„Врз основа на добиени сознанија, ДКСК одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на  надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски, кој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице ‘Турдолимпик’ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ ‘Кале’ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил Буџетот“, велат од Антикорпупциска за „360 Степени“.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ