5 жртви во последните 24 часа

Свекорот почина, родилката од Куманово е во влошена здравствена состојба, а новороденчето е добро и негативно на корона.

Свекорот е еден од петмината починати во последните 24 часа. Министерот Филипче информираше дека двајца од починатите се од Куманово, една е од Лабуништа, една од Штип, а забележан е прв починат пациент во Челопек.

            Во последното деноноќие се регистрираат 29 новозаболени, со што вкупниот број се искачи на 599. Од утре, ќе има пообемно тестирање на Клиниката за дигестивна хирургија, поради болен во семејството на еден од вработените во средно-техничкиот персонал.

            На Инфективната клиника се лекуваат вкупно 67 пациенти: четворица се новопримени, шестмина се на вентилација а 12 имаат потешка клиничка слика. Во градската болница „8 Септември“ се хоспитализирани 19 лица, од кои 9 се со потешка слика а тројца се на респиратор. Регионалниот центар во Битола ги презеде пациентите од Охрид а во Штип се лекуваат 4 пациенти.

На забелешките дека резултатите од тестирањето се чекаат и по неколку дена, Филипче објаснува дека обработката се прави во поголеми тури.

            Министерот уверува дека тестови за корона има доволно: моменталните резерви се 4 илјади плус донација од 5 илјади, но и повеќе најави за нови донации.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ