Владата одлучи, се воведува полициски час од 21 до 06 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на полициски час кој ќе трае од 21 до 06 часот со цел да се заштити населението и да се спречи и забави шриењето на епидемијата на коронавирусот, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски преку неговата официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, напиша Спасовски.

За кратко тој ќе има вонредно обраќање до нацијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ