
Мечот Македонија- Косово закажан на 4-ти јуни
Полуфиналните мечеви ќе се одиграат на 4 јуни, а големото финале и патникот на континенталниот собир ќе биде познат на 9 јуни. Нашата селекција важи за благ фаворит во дуелот со косовските репрезентативци, најмногу поради моменталниот пласман на ФИФА ранг листата.
Фудбалската репрезентација на Македонија овој март требаше да се соочи со Косово, во обидот да стигне до прво историско Европско првенство.Меѓутоа, епидемијата со коронавирусот ја натера УЕФА да направи промени и да ги одложи планираните натпревари.
Борбата за пласман на турнирот, кој е закажан за наредната година, ќе продолжи во јуни.
Натпреварите треба да се одиграа по завршувањето на националните шампионати кои планирано се да завршат на крајот на месец јуни. Така фудбалерите на двете селекции ќе го пречекаат меѓусебниот дуел во полн ек на формата.
Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи завршниот турнир на Европското првенство од 11 јуни до 11 јули 2021 година.