Триумф на Вардар за пласман во осминафинале

И покрај сите проблеми со кои се соочи актуелниот европски првак, Вардар успеа да триумфира во дуелот против Мотор со 38:28 и да обезбеди пласман во елиминациската фаза од Лигата на шампионите.

“Црвено-црните” одлично го отворија натпреварот и веќе по десетина минути имаа предност од 8:3 и го најавија триумфот во дуелот со Мотор и прекин на серијата на лоши резултати во елитното натпреварување.

Во продолжението од првиот дел Мотор успеа да ја намали негативата и се доближи на само еден погодок разлика, но до крајот на полувремето Вардар повторно влезе во ритам и на одмор замина со предност од 16:11.

Во второто полувреме целосна доминација на македонскиот првак. Вардар со серија од 3:0 поведе со 24:18, а во самата завршница успеа да стигне и до двоцифрена предност која ја одржуваше до самиот на мечот за триумф од 38:28.

Сташ Скубе со осум погодоци беше првиот стрелец на натпреварот, Чупиќ постигна шест додека голманот Марко Кизиќ забележа осум одбрани.

Во следното коло нашиот тим му гостува на Порто, а за две недели во последното коло од првата фаза во шампионската лига во Скопје гостува Монпелје.

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ