132 починати од коронавирусот во Кина, кулминацијата се очекува за 10 дена

Од последици на коронавирусот во Кина досега починале 132 лицa, а заболени се речиси 6.000. Дополнително се чекаат резултати за 9.239 луѓе кои се со симптоми на короновирусот.
Бројот на починати во провинцијата Хубеи до синоќа се зголеми за 25, со што нивниот вкупен број изнесува 125.

Како што соопштија здравствените власти од провинцијата, каде има најмногу заболени, до синоќа биле пријавени 840 нови случаи. Најголемиот број жртви и пациенти се од Вухан, главниот град на провинцијата, каде вирусот првпат беше регистриран. Кинескиот претседател Си Џипинг го нарече вирусот „ѓавол“, но истакна дека Кина ќе го порази. Докторите велат дека кулминацијата на вирусот ќе се достигне за 10 дена, околу 8 февруари, а потоа ќе почне да опаѓа. Најризична група се постарите луѓе, и луѓе со хронични болести.

Во светот досега се потврдени повеќе од 70 случаи на заболени од коронавирус, во 16 држави.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ