Со редовни прегледи против карционом на грло на матката

Секоја жена треба навреме да ги прави гинеколошките контроли, вели Анета Јовановска на која пред пет месеци и бил дијагностициран рак на матка прв стадиум. Веднаш се реагирало со оперативен зафат.

  • Имав доста агресивен карционом на грлото на матката. Пак ќе речам открин во рана фаза. Сето тоа се извади, се започна со хемо терапија. И затоа сметам дека секоја жена треба да врши контроли и тоа според мене на секои шест месци иако јас ги правев редовно сите тие прегледи и пап тестови, вели Анета Јовановска.

Важно е жените да бидат информирани  за  предностите доколку карциономот на грло на матка се открие во рана фаза. За тоа говори и фактот дека навремените контроли ја намалија речиси двојно бројката на жени со оваа дијагноза.

  • Доколку во 2009 – та бројот на новодијагностицирани изнесуваше над 500 нови случаи од рак на грло на матка, сега таа бројка е над 200. Значи скоро половина се намалени новодијагностицираните, вели Биба Додева, претседател на „Борка“.
  • Подобро е да се спречи, отколку да се лечи. Не само поради човечката трагедија, заради социјалната трагедија, заради финансиската, туку и заради општочовечката трагедија, рече доц. д-р Горан Димитров, претседател на македонското Здружение за цервикална патологија, колпоскопија и ХПВ.

ХПВ вакцинацијата има удел во превенирање на карциномот на грло на матка и таа во развиенте земји се подразбира, смета д-р Грозданова.

  • Ние од оваа година започнуваме со вакцинација со четиривалентната вакцина за ХПВ. Воведена е во редовниот календар на имунизација и драго ни е ако порано се движеше од 30 до 40 %, веќе имаме одредени показатели за над 60 %, вели проф. д-р. Александра Грозданова, Претседател на комитетот за имунизација.

ХПВ вакцината во Македонија е воведена во редовниот календар како задолжителна вакцина за девојчиња на 12 годишна возраст и ја вршат службите за вакцинација од Здравствените домови , кои го спроведуваат и вакцинирањето со останатите вакцини. Во светот секои 2 минути умира по една жена од рак на грлото на матката.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ