Познати полуфиналните натпревари на ЕП во Ракомет

По првите 4 натпревари од последното коло на ЕП во ракомет познати се полуфиналните натпревари. Словенија ќе игра против Шпанија а Норвешка против Хрватска во борба за пласман во финалето и освојување на златото.

Во натпреварот кој се одигра од 16 часот, Шпанија и Хрватска одиграа нерешено 22-22, со што Шпанија го освои првото место во групата а Хрватска остана на второто место.

Шпанците кон средината на првото полувреме имаа и 6 гола предност, но на крај спасуваа реми, откако со одлична игра во одбраната Хрватите во самиот финиш на натпреварот дојдоа и до еден гол предност.

Во другиот натпревар од истиот термин, Португалија ја совлада Унгарија 34 -26, со што и заврши огромна работа на Словенија, која на тој начин обезбеди пласман во полуфиналето. Португалците на овој начин обезбедија борба за 5-тото место, за кое ќе играат против Германија.

Словенците беа поразени од Норвешка, 33-30, иако оваа репрезентација играше и без својот најдобар и најефикасен играч Сагосен.

Белорусија и Австрија одиграа отворен и исклучително ефикасен натпревар, кој на крајот заврши нерешено 36 -36.

Во последните натпревари од оваа фаза играат Шведска – Исланд и Германија – Чешка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ