
Германија супериорно до првите бодови во главната рунда
Во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство Германија беше убедлива во дуелот со Белорусија совладувајќи ја со 31:23.
Германците доминираа во текот на целиот натпревар. Беа во постојана предност која на моменти изнесуваше и осум погодоци, разлика со која и го завршија вечерашниот дуел.
Белорусите имаа дури 16 загубени топки, а добрата игра на Германците беше крунисана и со 12 интервенции на голманот Андреас Волф.
Белорусија на половина од второто полувреме имаше можност да ја врати неизвесноста во мечот, но је искористија и Германија повторно ја зголеми предноста за конечен триумф од 31:23.
Најефикасен во составот на Германија со шест гола беше Тимо Кастенинг, а четири погодоци беа дело на Филип Вебер.
Во редовите на Белорусија прв стрелец со шест гола беше Владислав Кулеш.