
Македонија со победа против Австрија ќе се пласира во вториот круг
Нашите ракометарите во дуелот против Австрија мора да ги освојат двата бода. За да се пласираме во следната фаза и да ја продолжиме низата на успешни резултати на континенталните шампионати ни треба триумф од најмалку два гола разлика.
Постои и варијанта во која ние и со бод би се ја освоиле втората позиција на табелата, но тогаш епилогот не зависи од нас туку во тој случај потребно е Украина да ја совлада репрезентацијата на Чешка. За македонската селекција најприфатлива е првата варијанта бидејќи само така сами ја решаваме нашата судбина.
Треба да се потенцира дека доколку славиме со два или три погодоци во тој случај пласман во главната рунда ќе забележи и домаќинот на турнирот односно нашиот денешен противник.
Натпреварот во Штадхале во Виена почнува во 18 часот и 15 минути и ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.