
Прва победа на Холандија на европските ракометни првенства
Холандија извојува убедлива победа против Летонија на ЕП во ракомет. На полувремето холанѓаните имаа 6 голови предност а конечниот резултат беше 32:24.
Ова беше четвртата победа на Холандија против Летонија во 5-тиот меѓусебен натпревар.
Кај Смитс беше најефикасен играч во холандската репрезентација и го доби признанието играч на натпреварот, додека Даинис Кристопанс постигна 7 голови за Летонија.
Холандија во Понеделник игра против Шпанија додека Летонија ќе ги заврши своите настапи на европското првенство со натпреварот против Германија.