Хрватска убедлива против Белорусија

Хрватска и Белорусија победија во своите први натпревари на ЕП во ракомет, па победникот од нивниот дуел во Грац, автоматски беше фаворит за поминување во следната фаза, со освојување на првото место во групата А.

Хрватите никогаш немаат загубено натпревар против Белорусија и досега на европските првенства извојувале 4 победи против денешниот противник.

Избраниците на Лино Червар го продолжија овој стопроцентен учинок и извојуваа победа од 31:23.

Победата на Хрватска никогаш не беше загрозена, на полувремето тие водеа 15:10, кон средината на второто полувреме остварија и двоцифрена разлика (24:14), за на крај конечниот резултат на семафорот изнесуваше 31:23.

Играч на натпреварот беше Игор Карачиќ кој со 6 голови беше и најефикасниот хрватски репрезентативец.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ