Шведска двојка ни суди против Чешка

Европската ракометна федерација ги одреди судиите кои ќе ја делата правдата на утрешниот дуел против Чешка. Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик се делегирани да го судат мечот од второто коло во Б групата, а за второто соочување во Штадхале во Виена одредени се сестрите Шарлот и Жули Бонавентура од Франција.

Дербито во Д конкуренцијата меѓу Франција и Норвешка ќе го судат Чесите, Вацлав Хорачек и Јиржи Новтотни додека Летониците, Мазејка и Гателис се делегирани за дуелот во кој Португалија за противник ја има Босна и Херцеговина.

Во Ф конкуренцијата мечот меѓу Шведска и Словенија ќе го судат Германците, Роберт Шулце и Тобијас Тениес, а Австријците Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ се судиите на мечот меѓу Швајцарија и Полска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ