Прв шок на ЕП: Моќната Франција потклекна пред Португалија

На вториот ден од Европското првенство во ракомет се случи и првото големо изненадување, откако Португалија со 28-25 ја совлада Франција во рамки на групата Д.

Франција добро тргна во натпреварот и имаше постојано водство од 2 до 3 голови разлика се до резултат 9-7. Потоа следуваше еден огромен пост од цели 10 минути без постигнат гол, па Португалија направи серија од 5-0 за да поведе со 9-12. „Триколорите“ ја намалија негативата во финишот на полувремето и на пауза резултатот гласеше 11-12.

Во 49-та минута, Портуалија поведе со 19-22, но фаворитот врати со серија од 3-0 за да израмни на 22-22. Се играше гол за гол се до последните неколку минути. Португалија водеше со еден разлика, па Французите добија две исклучувањана 90 секунди до крајот, а Португалците го искористија тоа за да запишат сензационална победа од 28-25.

Диого Бранкињо со пет голови најмногу се истакна во редовите на Португалија, додека Андре Гомеш имаше четири погодоци, колку што имаше и Жоао Мигел Фераз. Дика Мем со четири голови беше најефикасен кај Франција, додека Никола Карабатиќ и Лудовик Фабрегас постигнаа по еден помалку.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ