EHFEURO2020 РФМ ги одреди премиите за ракометарите
Пред одигрувањето на првиот натпревар на Европското првенство, Ракометната федерација на Македонија објави дека играчите за пласман во следната фаза ќе поделат 30.000 евра, а за евентуално освојување на првото место во групата ракометарите ќе добијат дополнителни 10.000.
Пласманот во квалификациите за настап на Олимписките игри дополнително ќе се награди со уште 30.000 евра.



