Волф ја запре Холандската репрезентација

Европски шампион од 2016-тата година,  Германија имаше лош почеток, но на крајот успеа да обезбеди убедлива победа против дебитантот на елитните натпреварувања, репрезентацијата на Холандија и покрај црвениот картон за капитенот на германската репрезентација, Уве Генсхајмер.

Во својот прв натпревар на Европското првенство, Холандија храбро се бореше и одржуваше мала разлика против Германија речиси 45 минути, но на крајот Германија извојува победа до двоцифрена разлика.

Германците започнаа фуриозно и бодрени од своите подржувачи беа доминантни во првите 15 минути, стигнувајќи до водство 10 – 4. Но еден досуден пенал, го промени текот на натпреварот.

Капитенот на германската репрезентација, Уве Генсхајмер го удри холандскиот голман, Берт Равенсберген во лицето и доби директен црвен картон во 16-тата минута.

Европските шампиони од пред 4 години го изгубија трпението и самодовербата , додека Холанѓаните започнаа да играат се подобро. Во овој дел од натпреварот, десниот бек на холандската репрезентација Кеј Смитс постигна 6 од своите 7 голови.

На полувремето германците имаа предност од 15-13 а по паузата добро играше и холандскиот плејмејкер Лук Стајнс, кој постигна 6 голови.

Сепак, клучната разлика ја направи херојот на европско првенство од 2016-тата, голманот на германската репрезентација, Андреас Волф, кој имаше 12 успешни одбрани и го отвори патот на Германија кон победата.

Серијата од 7 голови без одговор ги донесе германците до предност од 29:19 и им стави крај на надежите на Холанѓаните за сензација.

Конечниот резултат на натпреварот беше 34:23 за Германија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ