EHFEURO2020 Европското првенство во ракомет револуционерно во поглед на технологијата на преносите
Македонија на европското првенство во ракомет ќе игра во групата Б, во Виена заедно со репрезентаците на Украина, Чешката република и домаќинот Австрија.
Првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра утре со почеток во 20 часот и 30 минути.
Ова ракометно првенство ќе биде револуционерно и во поглед на технологијата на преносите.
ЕХФ во соработка со Кинексон ќе отвори ново поглавје во историјата на следење и собирање на значајни статистички податоци и во секој момент ќе се собираат информации за движењето на играчите, топката и судиите.



