EHFEURO2020 Србија со три дебитанти на Европското првенство
Пред стартот на денешниот дуел против селекцијата на Белорусија што ќе можете да го следите низ директен пренос на програмата на Телма од 18 часот и 15 минути, селекторот на репрезентацијата на Србија го објави конечниот список на играчи.
Во составот има тројца дебитанти кои за прв пат ќе бидат дел од едно големо натпреварување. Левиот бек Стеван Сретеновиќ, пикерот Живан Пешиќ и десното крило Милан Ѓукиќ добија шанса да настапат во Австрија.
Единствен кој нема да биде во конкуренција за мечот со Белорусија е средниот бек Алекса Колаковиќ.
На списокот на селекторот Ненад Перуничиќ се:
ГОЛМАНИ: Владимир Цупара, Тибор Иванишевиќ
ЛЕВИ КРИЛА: Немања Илиќ, Вања Илиќ
ДЕСНИ КРИЛА: Богдан Радивојевиќ, Милан Ѓукиќ
ПИКЕРИ: Мијајло Марсениќ, Зоран Николиќ, Живан Пешиќ,
ДЕСНИ БЕКОВИ: Немања Зеленовиќ, Никола Црноглавац
ЛЕВИ БЕКОВИ: Стеван Сретеновиќ, Иван Моѓиќ, Миљан Пушица
СРЕДНИ БЕКОВИ: Лазар Кукиќ, Стефан Вујиќ



