EHFEURO2020 Чесите ги продолжија договорите со селекторите
На само еден ден пред стартот на Европското првенство Ракометната федерација на Чешка реши да ја продолжи соработката со селекторскиот тандем на националниот тим Даниел Кубеш и Јан Филип, кои на чело на репрезентацијата ќе останат до 2023 година.
“Овој двоец одлично си ја врши работата. На последното Европско првенство го освоивме шестото место и ние сме задоволни од нивниот ангажман. Кубеш и Филип одлично функционираат и затоа ние решивме да им го продолжиме договорот”, изјави членот на Извршниот комитет на федерацијата, Даниел Чурда.
Репрезентацијата на Чешка е еден од нашите противници во првата фаза од континенталниот шампионат и со Чесите ќе се соочиме на 12 јануари, а почетокот на натпреварот е закажан за 16 часот.



