Почнуваат завршните подготовки пред ЕХФ Евро 2020

Репрезентациите кои се дел од Европското ракометно првенство што ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка, а ќе можете да го следите низ директни преноси на програмата на Телма почнуваат со завршниот дел од подготовките и ги играат последните контролни натпревари.

Шпанија е домаќин на силен турнир каде партиципираат уште репрезентациите на Полска, Русија и Португалија. На првиот ден од 17 часот, Русија се среќава со Полска додека домаќинот за противник ја има селекцијата на Португалија.

Во Мец се одржува турнир на кој ќе настапат селекциите на Франција, Данска, Норвешка и Србија. Денеска на програмата се два натпревари. Триколорите од 20 и 45 играат против Србија, а за 18 часот и 15 минути е закажан почетокот на скандинавското дерби меѓу Данска и Норвешка.

Во последниот контролен меч за денеска Босна и Херцеговина ќе се соочи со Катар, а тој натпревар почнува од 18 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ