
Гол на годината: Троен „цепелин“ на Кјелце (ВИДЕО)
Екипата на Кјелце со леснотија ги добива натпреварите во полскиот шампионат, освен кога игра дерби против Висла Плоцк.
На вчерашниот натпревар против Гдинија, европскиот првак од 2016 година го постигна можеби најубавиот погодок годинава на ракометните терени.
Момците на тренерот Талант Душебаев изведоа троен цепелин за топката во голот на противникот да ја смести Дејан Бомбач, а во целата акција учествуваа и Мануел Штрлек и Блаж Јанц.