Се бараат итни мерки за заштита на костеновото дрво

Итни мерки за заштита на костеновото дрво од болеста рак на кората, спречување на масовната кражба на костенот и негова промоција како органска храна се пораките упатени од манифестацијата Шарпланинска костенијада, која се одржа во тетовско Беловиште. Мештаните од Шарпланинските села, велат дека во минатото од костенот егзистирале цели семејства, а сега овој плод е на работ на исчезнување.

Од Здружението Бела Виста кои ја организираат манифестацијата, истакнаа дека направени се планови како да се превенира болеста рак на костеновото дрво, чекаат државата истите да ги подржи.  

Годинешнава Шарпланинска костенијада е деветта по ред. И покрај постојаните апели упатувани од манифестации, институциите досега не презедоа конкретни меки за заштита на костенот. Поради ракот на костеновото стебло, костенот во македонското законодавство е прогласено за редок вид дрво во шума.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ