
Во телефонски разговоро објавен на You tube, Орце Камчев бара да нема „војна“ со фамилијата Заеви
Вчера од судница денеска бизнисменот Орце Камчев одекна во аудио разгoвори кои се поставени на јутуб.
Во 7 кратки аудио снимки Камчев од непознат соговорник бара средба со братот на премиeрот Вице Заeв.
Целта на средбата била да се закопаат секирите, а нервозно упатува закана дека дколку не се завршела договорената работа „сите ќе крвареле“ вели Камчев.
– Имаш ли некое влијани или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние.
– Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв.
Камчев е упорен и инсистира на помирување со Заеви.
Исто така може да слушне дека ако нема договор материјалите коi тој ги поседува ќе ги пуштал од Бугарија.
– Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.
– Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?
Едно е сигурно засега, дека овие снимки не се излезени од јавното обвинителство кое го води предметот „Рекет“ каде Камчев пријави и стана сведок против Катица Јанева и Боки 13, потврди за Телма обвинитеката Вилма Русковска.
„Не, тие снимките ги немаме како обвинителство. Прв пат ги слушнав денеска.“
Во снимките кои траат по десетина секунди не може да се слушне кој е соговорникот, а исто така ниту пак како е сниман разговорот. Во позадина се слуша различна атмсофера од музика во ресторан, но и сообраќаен метеж.
Павле Беловски