
Заев: Македонија и Грција ќе најдат доствоинствено решение
Македонија и Грција ќе најдат достоинствено решение за спорот со името и тоа решение нема да задира во идентитетот на македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Зоран Заев кој не сакаше да ги коментира тврдењата на шефот на грчката дипломатија Коѕијас дека во нацрт-спогодбата Грција не отстапува од тоа да има промена на уставното име.
– Не би сакал да навлегувам во коментарите од другата страна на преговорите. Нашите позиции се јасни. Ние сме подготвени за решение. На Македонија и требаат решенија и знам дека и на Грција и требаат решенија, нагласи Заев. Верувам дека ќе се изнајде решение, кое ќе биде досотинствено за двете страни и кое нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но и во потгребите од идентитеското поставување и на дел од народот во Грција, рече премиерот.
Заев тврди дека двете страни разговараат за изнаоѓање решение со кое ќе се направи разграничување на Република Македонија со регионот во Северна Грција кој се вика Македонија.
Коѕијас во вчерашното интервју за државното радио на Грција рече дека во Нацрт-спогодбата е содржано името и изведените зборови без да навлегува во детали околу предлогот. Шефот на грчката дипломатија смета дека за договор потребна е промена и на уставното име.
Поконкретен е пратеникот на владеачката СИРИЗА Димитрис Мардас кој во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека сложено име со терминот Македонија е второто најдобро решение за Грција.
Во меѓувреме во Грција има поделено мислење меѓу граѓаните во однос на тоа дали постои простор за компромисно решение на спорот со името. Според истражувањето на јавното мислење објавено во весникот „То вима“, како што јави дописникот на МИА од Атина, 49 отсто од анкетираните сметаат дека постои простор за решение, додека пак 46 проценти одговориле негативно на прашањето за евентуален договор меѓу двете земји.
Од агенцијата што го спроведе истражувањето за „То вима“ анализираат дека актуелната грчка Влада губи поени поради прашањето за името.,На прашањето кој е најголемиот проблем со кој што се соочува земјата во овој момент, 39 отсто од анкетираните рекле дека тоа е економијата, 19 проценти невработеноста, 11 отсто политичарите и политичкиот систем, а само 9 проценти одговориле дека тоа е надворешната политика и македонското прашање.
Александар Манасиев