ЗОИ 14.ДЕН,ПРВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА РУСИЈА,МАШКИОТ БИАТЛОН 4×7,5 ЗА ШВЕДСКА
14 ден од ЗОИ во Пјонгчанг донесе борба за медали во 5 спортови.
Во машкиот битлон ,штафетата 4 пати 7 ,5 километри заврши победнички за Шведска ,во состав Пепе Фемлинг,Јеспер Нелин,Себастијан Самуелсон и Фредрик Линдстром.Со заостанување од 55 секунди финираше штафетата на Норвешка, пред составот на Германија. Канаѓанките доминираа во финалето на ски крос. Келси Серва која пред четири години во Сочи го освои сребрениот медал во оваа фристајл дицсиплина,во Пјонгчанг успеа да победи пред сонародничката Британи Фелан. Фани Смит од Швајцарија заврши на 3.место.Тинејџерката Алина Загитова и го донесе првиот златен медал на Русија од 23 ЗОИ.15 годишната Загитова победи во уметничко лизгање со минимална предност пред сонорадничката Евгенија Медведева.Бронзениот медал заврши кај канаѓанката Кетлин Озмонд.Во брзо лизгање на 1000 метри триумф на Кјелд Нуис.До вториот златен медал во Јужна Кореја,холанѓанецот за 4 стотинки го надмина резултатот на Хавард Лоренцен од Норевшка.Домашниот натпреварувач Ким Тае Јун го освои брознениот медал.Во карлинг,дуел за трето место помеѓу селекциите на Швајцарија и на Канада.Бронзениот медал го освои тимот на Швајцарија со победа од 7-5.Во недела во финалето ќе се натпреваруваат Шведска и САД.Од екипните спортови,денеска беа одиграни полуфиналните натпревари во хокеј.Во првото полуфинале,Русија ја победи Чешка со 3-0 ,во второто полуфинале Германија ја изненади Канада со 4-3.