
Сопственикот на „Дурмо“ пуштен да се брани од слобода
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, на судскиот процес за тешката сообраќајка со еден од неговите автобуси во која настрадаа 16 луѓе ќе се брани од слобода. Тој е пуштен од притвор откако Апелација го прифатила неговото барање да се укине мерката и ја прифатила понудената гаранција чиј износ нефоцијално е околу два милион евра.
Според инфромациите на Телма, барањето на Белули да се брани од слобода го прифатил Кривичниот суд на 21 октомври а Обвинителството веднаш поднело жалба, па за тоа одлучувала Апелација. Апелација во иста насока како и Кривичниот со позитивна одлука на барањето за укинување на притворот и Белули од минатата недела е слободен човек.
Според одлуката на Апелација, на Белули му е одземен асошот, треба да се јавува редовно во суд, има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите, има забрана за преземање на работни активности и забрана за користење на сертификат од областа на транспортот.
Останува нејасна забраната за работни активности бидејќи според инфромациите на „Телма“, носителот на сертификатот преку кој „Дурмо Турс “ сеуште превезува патници е токму Белули.
Притворот му е укинат и на четврто обвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за техничлки преглед, кој исто така понудил гаранција чиј износ не е познат.
На денешното рочиште беше презентирано вештачењето на тахографот од автобусот кој излета кај Ласкарци но и на други два тахографи од автобуси кои сообраќаеле на истата линија. Според наодите во вештачењето и во другите два автобуси биле поставени прекинувачи со кои се лажирала брзината и се манипулирале податоците запишани на тахографот.
Професорот Јосиф Косев од ФЕИТ, кој го изготви наодот кажа дека на тахографите и брзионмерите открил траги на идентични места како на оној од автобусот во кој загинаа 16 патници и додаде дека прекинувачите биле отстранети по трагедијата. Тој во детали објасни како е поставен прекинувачот во автобусот на смртта и која била неговата намена потенцирајќи дека тоа било направено свесно.
Според Ќосев со вклучувањето на прекинувачот тахометарот бележел за 15 отсто помала брзина и во моментот на незгодата утврдил дека се движел со 99 километри на час.
Трагедијата во која животот го загубија 16 лица се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо Турс“ движејќи се кон Гостивар излета кај селото Ласкарци. Сопствебикот Белули одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски се обвинети за соучество.
Огнен Чанчаревиќ