Притвор за дадилката која тепаше двегодишно дете

Основниот кривичен суд по предлог на обвинителството и  определи мерка притвор во траење од 30 дена на дадилката која тепаше двегодишно дете во игротеката во скопски Аеродром.

Осомничената денеска беше спроведена во судот под сомнение дека сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете.

Министерката за труд и социјала Мила Царовска , апелира родителите да ангажираат лиценцирани негуватели за грижа на нивите деца.

Дадилката која беше фатена на камера како во игротека на угостителски објект во Скопје натепа двегодишно дете вчера беше приведена во полициска станица. Нејзиното агресивно однесување го пријавал менаџерот на игротеката.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ