КАНАЃАНИТЕ БЛЕСКААТ ВО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ,ТРЕТО ЗЛАТО ЗА БИАТЛОНЕЦОТ ФУРКАД

На ЗОИ во Пјонгчанг,канаѓаните Теса Врчју и Скот Моар освоија златен медал во уметничко лизгање во танцови двојки и влегоа во олимиската историја како најтрофеен пар.Дуото од Канада лизгаше за втор златен медал во Јужна Кореа,вкупно трет со златен сјај после Ванкувер, но и петти медал од нивните настапи на Зимските игри покрај двете 2.места од Сочи.Врчју и Моар поставија и нов светски рекорд од вкупно 206,7 поени после задолжитечниот и слободен програм.Французите Габриела Пападакис и Гијом Сизерон го освоија сребиот медал,брознениот и припадна на двојката од САД ,братаот и сестрата Маја и Алекс Шибутани.Од 11 ден на Зимската олимпијада за издвојување и третиот златен медал што го освои биатлонец Мартин Фуркад како дел од француската мешана штафета 2 x 6 километри жени и и два x  7 и пол километри за мажи.Фуркад беше во последната 4-та измена и ја круниса одличната трка за Франција со предност од преку 20 секунди пред штафетата на Норвешка.Во борба за третото место,Доминик Виндиш успеа да го престигне германецот Арнд Фејфер и да и донесе бронзен медал на Италија.Германците доминираа во нордиска комбинација.После натпреварот на големата скокалница и крос кантри трката на 10 километри,Јоханес Ридзек,Фабијан Рисле и Ерик Френцел ги освоија првите три места. Во скијање слободен стил,женскиот халфпајп и припадна на канаѓанката Кеси Шарп. Французинката Мари Мартино имаше перформанс за сребрен медал.Трета во оваа дисциплина беше Брита Сигурни од САД.Во брзо лизгање на кратки патеки,денеска финале на женската штафета на 3000 метри.Победи Јужна Кореја пред составите на Италија и Канада.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ