
Нема договор на Министрите за европски прашања за проширувањето на Унијата
Нема договор на Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ . Тие во Луксембург попладнево не успеаја да се договорат околу прашањето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.
Јоханес Хан на прес конференцијата им се извини до граѓаните на две држави и посочи дека ова не е момент со кој ЕУ може да се гордеe , бидејќи дополнително пролонгирање ќе наштети на кредибилитет на Унијата и амбицијата да стане глобален играч.
По ова за прашањето ќе се дискутира на состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ кои во четвток и петок во Брисел.
