КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: ВТОРА ПОБЕДА НА МЛАДИНЦИТЕ

 Подгорица: ЦРНА ГОРА-МАКЕДОНИЈА 1-2

Втора победа за Mакедонија во двата настапи од групата 6. во квалификациите за ЕП за играчи до 21.година.Домашните поведоа преку Скендеровиќ во 10 минута,но на сцена во Подгорица  стапи македонскиот  капитенот.Јани Атанасов изедначи од слободен во 14.минута  и ги постави финалните 1-2  во 33 .минута од пенал што го изнуди  Митревски.Во првиот меч од квалификации, младинците со 7-1 ги декласираа Фарски Острови а веќе на 15.октомври во Скопје го пречекуваат Казахстан.

Шпанија,Македонија и Казахстан имаат по 6 бода како  лидери во групата.Македонија и Шпанија имаат ист ефект,6 бода од два меча.Казастан има две средби повеќе .

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ