
АБА 2: ТРИУМФ НА МЗТ КАЈ СПАРС
МЗТ Скопје Аеродром одигра во победички ритам и во вториот меч од новата сезона во АБА2-лигата,со победа на гости кај Спарс од 65-77.После израмнето прво полувреме од 35-34 за домашните,МЗТ беше подобриот во продолжението и серијата од 15-3 ја искористи за победнички финиш. Американецот Џабари Хиндс како прв стрелец кај МЗТ го заврши мечот со 23 поени, девет скока, осум асистенции .Капитенот Дамјан Стојановски постигна 12 поени а МВП во 1.коло, Нуни Омот со 10 поени, сите во првото полувреме.Словенечка Рогашка на 15 октомври ќе биде следниот ривал на македонскиот првак .Натпреварот е закажан во СЦ Јане Сандански.