Бектеши стави потпис – се раскинува договорот со „Еуромакс“ за рудникот Иловица

Министерството за економија ја потпиша одлуката за еднострано раскинување на договорот за рудникот Иловица со Еуромакс.

Министерот Бектеши рече дека вчера ја потпишал одлуката и дека истата ќе оди на Влада на понатамошно постапување.

Министерот вели дека стојат зад своите аргумернти и подготвени се да ги браната и пред арбитражен суд.

Граѓанските организации на социјалните мрежи слават победа на еко активизмот. Велат дека со сво тим правници би ја поддржале владата доколку случајот дојде до суд, но велат дека нивните заложби ќе продолжат и кон други еколошки заришта.

Еуромакс пред два дена рекоа дека се’ уште е рано да се произнесат за одлука за понатамошни чекори.  Откако добро ќе ги разгледале сите аргументи ќе известиле што ќе превземат понатаму.

Отпорот против рудници трае три години и почна со движење  против рудник на Кожув кај Гевгелија, па преку Дојран, Богданци и Валандово се прошири и во Струмица.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ