
ШПАНИЈА ГИ ПРЕЧЕКА ШАМПИОНИТЕ
Десетици илјади навивачи во Мадрид ги дочекаа новите светски шампиони во кошарка..Репрезентативците на Шпанија, во неделата во големото финале ја совладаа Аргентина со 95-75 како епилог на низата од осум победи на првенството во Кина.Шпанските репрезентативци го презентираа победничкиот пехар пред кралот Фелипе и кралицата Летиција, а потоа, во отворен автобус, минаа низ улиците на Мадрид до плоштадот во овој град каде што беше централната прослава на големиот успех. За Шпанија ,триумфот во Кина ова беше второ светско злато по 2006 година на шампионатот во Јапонија.