
Фудбалерите се изборија за бод во Израел
Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 на гостувањето кај Израел во рамки на 5.коло во „Групата Г“ во квалификациите за Европското првенство 2020.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а Израелците први поведоа преку Еран Захави во 55-тата минута. Аријан Адеми во 64-тата минута донесе 1-1 и бод за нашата селекција.
По пет одиграни кола, македонската репрезентација има пет освоени бодови во групата и се наоѓа на четвртото место. Израел е втор со осум бодови.
Останатите два дуели од нашата група се играат утре, а Словенија ја пречекува Полска, додека Австрија игра со Летонија.
Во понеделник Македонија гостува кај Летонија во рамки на 6.коло