ЗОИ 2018: НОРДИЕЦОТ СТАВРЕ ЈАДА ПОСЛЕДЕН НА СПРИНТОТ ОД 1.4 КМ,ГЕРМАНИЈА ВОДЕЧКА ПОСЛЕ 4.ДЕН

Ставре Јада ја мина целта на последното 80-то место во машкиот спринт со класичен стил на Олимпијадата во Јужна Кореја,но заврши како 79-ти поради дисквалификација на кинезот Сун.Македонскиот натпреварувач и знаменосец на отварањето на Игрите во Пјонгланг кој очекува многу подобар резултат во петок на трасата од 15 километри слободно,задоцни 1.15 зад Ристомати Хакола, најбрзиот во квалификациите .Финецот подоцна не успеа да стиге до медал и заврши на 6.позиција во финалето,зад победниците ,носители на медали Јоханес Хесфлот Клаебо од Норвешка,италијанецот Федерико Пелегрино и Александер Болшунов од Русија.Во женска конкуренција спринот и припадна на Стина Нилсон од Шведска,сребрениот медал го освои норвежанката Мајкен Каспересен Фала а брознениот Јулија Белорукова од Русија.Во алпско скијање ,сите почести од 4. ден на Игрите му припаднаа на Марсел Хиршер.Австриецот кој доминира во Светскиот куп конечно освои златен олимписки медал и тоа во комбинација,со рутински спуст и брилијантен слалом за победнички финиш пред французите Алексис Пинтуро и Виктор Муфат Жанде.Убедлива на патот до златен медал беше и американската сноубордистка Ким Клои.17-годишната Клои победи во халфпајп пред Џиау Лиу од Кина и сонародничката Ариел Голд.Поделeни медали и во карлинг.Во мешани двојки триумфираа Кетлин Ловс и Џон Морис од Канада кои во финалето славеa над швајцарците Џени Перет и Мартин Риос.Бронзениот медал заврши кај рускиот тандем Анастасија Бризгалова и Александер Крушелнички.Во женско санкање ,доминација на германките.Натали Гисенбергер и Дајана Еитбергер ги освоија првите две позиции.На подиумот имаше место и за канаѓанката Алекс Гоф.Во брзо лизгање на кратки патеки,италијанката Аријана Фонтана имаше финиш за златен медал пред холанѓанката Јара Ван Керкоф и Ким Бутин од Канада.Во брзо лизгање во машка конкуренција на 1500 метри .златниот и сребрениот медал завршија кај холанѓаните Кјелд Нуис и Партик Рост.Домашниот натпреварувач Ким Мин Сеок ги израдува корејците со бронзен медал.Токму во лизгање,откриен и првиот случај на допинг на Игрите.Позитивен на тестот беше јапонецот Кеи Саито.После 4.ден од ЗОИ,водечка е Германија со вкупно 9 медали од кои 5 златни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ