
ЕШЛИ КОЛ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА
Ешли Кол,поранешниот член на Англиската селекција кој беше фудбалер на Арсенал и на Челси, реши да стави крај на играчката кариера.38- годишниот лев бек кој во полусезона настапуваше за Дерби Каунти , истакна дека ќе се насочи на градење тренерска кариера.Кол дебитираше како професионалец во 1999 година кај Арсенал каде се задржа 7 сезони со позајмица и кај Кристал Палас пред да заигра за Челси во период од 2006 до 2014 година.Рома беше неговиот последен клуб во Европа пред да замина во САД кај ЛА Галакси а во 2019 заврши кај ДК. Ешли Кол има 107 натпревари за национален тим на Англија.